Времето утре ќе биде претежно сончево и потопло со слаб до умерен северен ветер, соопшти УХМР.

Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 19, а максималната ќе достигне од 28 до 35 степени. Вредноста на УВ-индексот ќе биде 8.

Во Скопје, претежно сончево со слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 15, а максималната ќе достигне до 33 степени.

Следува период на сончево и топло време со пораст на дневната температура. Особено топло ќе биде за време на викендот кога ќе дува умерен, повремено засилен јужен ветер.