Времето утре ќе биде сончево и многу топло, информира УХМР. Од пладне ќе дува умерен до засилен ветер претежно од западен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 24, а максималната од 36 до 43 степени. УВ=9.

Во Скопје, сончево и многу топло со умерен до засилен ветер од западен правец. Минималната температура ќе биде 21, а максималната ќе достигне до 41 степен.

Продолжува периодот на стабилно и особено топло време. Максималните температури особено во појужните делови од Повардарието ќе бидат за 2 до 3 степени повисоки од 40 степени.

Насекаде ќе биде активно портокаловото ниво за опасност од високи температури. Од средината на следната недела за некој степен температурите ќе бидат пониски.