Времето утре ќе биде сончево со мала до умерена облачност поголема во источните делови. Ќе дува умерен до засилен северен ветер најизразен по должината на Повардарието, информира УХМР.

Утринската температура ќе биде во интервал од 6 до 15, а дневната од 17 до 24 степени.

Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и со умерен до засилен северен ветер. Утринската температура ќе биде околу 14, а дневната ќе достигне 22 степена.

До понеделник следува период на стабилно и суво време со пониски утрински температури, кои в сабота и в недела некаде ќе бидат и неколку степени над нулата. Дневните температури ќе бидат во пораст.