Времето утре ќе биде сончево со умерена облачност и со слаб до умерен ветер, соопшти УХМР.

Попладне претежно во источните делови ќе има појава на локална нестабилност со краткотраен пороен дожд и ретки грмежи. Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 20, а максималната од 27 до 35 степени. УВ=6

Во Скопје, сончево со умерена облачност и со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде 17, а максималната ќе достигне до 32 степена.

За време на викендот ќе преовладува умерено облачно време со услови за краткотраен дожд, утре претежно во источните делови, а во недела во планинските подрачја. Во западните делови во недела ќе дува засилен западен ветер. Од понеделник ќе биде стабилно со слаб до умерен западен и северозападен ветер.