Времето утре ќе биде променливо облачно, студено и ветровито, претежно на планините со услови за провејување на слаб снег, на југозападот на места со слаб дожд. Попладне ќе биде посончево, информира УХМР.

Ќе дува засилен, во источните делови и по должина на Повардарието силен северозападен ветер (на места ќе достигнува брзина и над 60 км/час). Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 6, а максималната ќе достигне од 3 до 13 степени.

Во Скопје променливо облачно и ветровито, попладне посончево. Ќе дува засилен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне 10 степени.

Во следните денови ќе преовладува променливо облачно и студено време со сончеви периоди, а претежно на планините повремено ќе провејува снег. Утринските температури в четврток и в петок во најголем дел од земјава ќе бидат под нулата. Нов влажен бран со врнежи од дожд се очекува од сабота попладне.