Времето утре ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со умерен до засилен ветер од северен и северозападен правец.

Утринската температура ќе се движи од 2 до 9, а дневната ќе достигне од 18 до 25 степени.

Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди и со умерен до засилен ветер од северен и северозападен правец.

Утринската температура ќе се спушти до 5, а дневната ќе достигне до 23 степени.

Следува период на стабилно време, освен во среда кога ќе има повремен дожд, а локално ќе биде нестабилно облачно со пороен дожд и појава на грмежи. Во среда и во четврток ќе дува умерен до засилен северен ветер.