Времето утре, во утринските часови ќе биде променливо облачно со локален дожд, претежно во северните делови. Во текот на денот облачноста ќе се намали и ќе дува слаб до умерен северен ветер, поизразен вдолж Повардарието, каде повремено ќе засилува.

Минималната температура ќе се спушти меѓу 7 и 16, а максималната ќе достигне од 20 до 25 степени.

Во Скопје во утринските часови со услови за повремен дожд, преку денот сончево со умерена облачност и ветровито со умерен северен ветер. Температурата ќе се движи од 13 до 23 степени.

Од сабота следува период на претежно сончево време со дневни температури кои ќе бидат над просекот за овој период од годината.