Од утре, со теренско собирање на податоците, во земјава ќе започне да се спроведува попис на населението и објектите. Како што најавија надлежните, пописот ќе се спроведе безбедно со почитување на здравствените протоколи. Тие уверуваат дека не постои никаква шанса за ширење на вирусот меѓу граѓаните и попишувачите.

Директорот на Државниот завод за статистика, Апостол Симовски, соопшти дека институциите се подготвени за најголемата статистичка операција во земјава, која не е спроведена речиси 20 години и ги повика граѓаните да ги примат попишувачите.

Тој потенцираше дека пописот ќе биде според протоколи и никој нема да биде загрозен.