Есента во Македонија и на северната хемисфера почнува утре во 03:54 часот. Во исто време на јужната хемисфера почнува пролетта.

Есента ќе трае до до 21 декември кога официјално ќе настапи зимата. 

На почетокот на есента, Сонцето во Скопје ќе изгрее во 6 часот и 20 минути, а ќе зајде во 18 часот и 32 минути. Денот ќе трае 12 часа и 12 минути.   

За првиот ден на есента синоптичарите најавуваат с ончево време со умерена облачност  и северен ветер со благо опаѓање на дневната температура.