Утре според најавите на УХМР наутро ќе биде свежо, а преку денот сончево со мала локална облачност во јужните делови и со слаб јужен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 10, а максималната од 20 до 26 степени.

Во Скопје, ќе биде сончево со слаб јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне до 24 степени.

Како што информираaт од УХМР, уште утре ќе се задржи претежно сончево време, наутро студено. Од среда следува период на претежно облачно време, преку денот значително посвежо, со врнежи од дожд со променлив интензитет. Врнежите ќе бидат пообилни во четврток, особено во западните и југозападните делови. Во среда и четврток ќе дува повремено засилен ветер од југоисточен правец.