Времето утре ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Од претпладне ќе дува умерен северен ветер кој на север, долж Повардарието и повисоко ќе засилува. Во западните делови попладне ќе има услови за појава на краткотраен дожд. Минималната температура ќе се движи од 13 до 21, а максималната од 26 до 34 степени.

Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и со умерен до засилен, претежно северен ветер. Температурата ќе варираат помеѓу 20 и 31 степен.

Утре ќе дува засилен северен ветер, најизразен долж Повардарието и ќе биде малку посвежо. Во четврток и петок ќе биде стабилно и се потопло, а за време на викендот ќе биде топло и ќе има попладневна нестабилност со локален пороен дожд и грмежи.