Вонредната контрола покажа дека работиме според највисоките европски и домашни стандарди и дека употребуваме гориво кое е еколошки безбедно, велат од цементарница „УСЈЕ“ преку соопштение.

– Потврдата од независната лабораторија од Естонија исто така покажа дека сите спротивни тврдења искажани во јавноста се комплетно неосновани и шпекулативни и дека, за жал, воопшто немаат за цел да се идентификуваат вистинските и реални причинители на состојбите со амбиенталниот воздух во Скопје.

Цементарница УСЈЕ и понатаму ќе остане отворена за граѓаните, граѓанските здруженија и невладиниот сектор кои се заинтересирани за аргументиран и одговорен дијалог. Повторно ги повикуваме сите заинтересирани да нè посетат и да ги добијат информацииите засновани на факти. Искрено сме убедени дека заедничка цел треба на сите да ни биде точното информирање на јавноста и реални активности за подобрување на состојбите со животната средина во нашиот град – нагласуваат од „УСЈЕ“.