Фото: Маја Јаневска-Илиева

Oценувањето на уставноста на член 11-а од Законот за помилување, со кој требаше да се утврди дали поранешниот претседател Ѓорге Иванов можел да ја повлече аболицијата, е одложено од страна на уставните судии, објавуваат повеќе медиуми.

На изјаснувањето кое било четири спрема четири недостига пресудниот глас од Добрила Кацарска за чие назначување Собранието расправа веќе трет ден и допрва треба да гласа за изборот.