Во организација на Асоцијацијата за корпоративна безбедност и Агенцијата за приватно обезбедување Никоб, во Скопје, успешно се одржа Четвртата меѓународна и стручна конференција: “ Интегрирана корпоративна безбедност-Дигитални трансформации како предизвик за академската заедница и модерните корпорации”.

Цел на конференцијата беше истражување и размена на инфорамции, практики и теоретски сознанија за улогата на корпоративната безбедности успешно водење бизнис кај современите корпорации. На конференцијата учествуваа и презентираа трудови угледни професори и стручни лица од областа на безбедноста.

Професор д-р Атанас Козарев,претседател на Асоцијацијата за корпоративна безбедност-Скопје ги поздрави присутните гости, додека сопственикот на Никоб, Кирил Лазаров кој од неодамна е и претседател на Македонско-бугарска стопанска комора им додели плакети на истакнати експерти,професори и бизнисмени од земјава и странство.