Унијата на ЗМСТАС предводена од Здружението на медицински сестри, техничари, акушерки и стоматолошки сестри „За нас“ изразува огромна радост и задоволство за успешниот и историски исчекор во медицината во земјава – првата трансплатација на срце.

– Би сакале да им одадеме почит на сите вклучени здравствени работници, приклучувајќи се кон упатените честитки од Министерството за здравство, дополнувајќи го со истакнување на нашите медицински сестри на кои сме особено горди и кои претставуваат пример за професионалност на идните кадри: мед.тех. Слаѓана Гроздановска, мед.тех. Јелена Жарковиќ, дип.мед.тех Имран Елези, мед.тех. Мартина Караѓоска и мед.тех. Кристина Николовска – инструментарки од УК за Државна Кардиохирургија; мед.тех. Магдалена Станчева и мед.тех. Анита Колевска – анестетичарки од УК за Државна Кардиохирургија; мед.тех Александра Темелковска,
мед.тех. Бранко Чочек, и мед.тех. Игор Каевски – перфузионисти од ЕКЦ тимот на Жан Митрев Клиник; дип.мед.тех Катерина Ристовска и дип.мед.тех. Александра Ристовска Тунев – инструментарки од Жан Митрев Клиник; и дип.мед.тех. Весна Наумовска – анестетичарка од Жан Митрев Клиник. ЗМСТАС – ЗА НАС и понатаму продолжува со ангажманот во проектот со Здружението на граѓани „НЕФРОН за кадаверична трансплатација. Нека ова големо човекољубие и донирање на органи стане наше секојдневие – се вели во соопштението.