Времето денеска ќе биде сончево со умерена облачност и со умерен до засилен северозападен ветер, особено долж Повардарието и во источните делови, додека во крајните североисточни делови е можен краткотраен дожд. Утринската температура  ќе се движи од 11 до 20 степени, а дневната од 22 до 30 степени. УВ индексот ќе биде седум. 

Во Скопје слично време со температура од 11 до 27 степени. 

Во наредните денови во поголемиот дел од земјава ќе преовладува стабилно и суво време, до петок ќе биде ветровито со засилен северен ветер. Локално се уште ќе има услови за изолирана појава на краткотраен пороен дожд и грмежи. В сабота времето ќе биде сончево и значително потопло, а од недела попладне и во наредните денови повторно ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално се очекуваат и поинтензивни процеси.