Премиерот Зоран Заев најави дека се стреми кон тоа лековите да бидат пуштени комплетно без квоти, во периодот од 1 септември до 1 октомври.

Заев минатата недела на пратенички прашања во Собранието истакна дека, иако никого не обвинува, постојат сериозни индикации за злоупотреби со издавањето на рецепти и позитивната листа на лекови.

Како главна причина за сомнеж, премиерот го наведе фактот што секоја година се зголемува фондот за лекови на позитивната листа, а наталитетот во државата останува ист, дури и се намалува поради миграцијата надвор од државата. Тоа наведува дека постои можност некаде да се случуваат незаконски дејствија.