Тужбените барања од родителите на деца родени на Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство (ГАК) во 2008 година, кои останале слепи откако подоцна им била дијагностицирана ретинопатија, ја блокираа сметката на клиниката. 

Гинекологијата, наводно, не може да ги подмирува редовните обрски поради долгот од 410 илјади евра.

Во тек е кампањата на ГАК за собирање на донации под слоганот „Сите ние пријатели на бебињата, биди и ти“, со цел да се овозможи купување на опрема за клиниката. 

Од ГАК тврдат дека не постои поврзаност на блокадата и на донаторската кампања која е започната минатата година.