Фото: Маја Јаневска Илиева

Продолжува мисијата на големиот ликовен уметник и хуманист Живко Поповски- Цветин кој со неговите ликовни дела промовира мир и љубов. Оваа година по повод празникот на жената- 8 Март, Цветин во соработка со весникот „Нова Македонија“ подарува три свои дела – три цвета на Цветин.

Во рамките на целодневните активности Цветин денеска најпрво ги посети жените од Клиника за Гинекологија и Акушерство – Скопје на кои им подари негови дела при што им беше изразена почит и признавање за улогата која ја имаат како жена. 

Активностите на Цветин и весникот „Нова Македонија“ не запираат овде. Тој денеска пред редакцијата на „Нова Македонија“ создава нови дела кои им ги поддарува на припадничките на понежниот пол кои случајно поминуват од тука.