Фото: Архива

Министерството за здравство информира дека во текот на денешниот ден, по одржувањето на последната конференција за медиуми, на Клиниката за инфективни болести на коронавирус се тестирани тројца патници. Резултатите на тројцата патници се негативни.

Станува збор за македонски државјани од кои двајца допатувани од Италија и еден од Шпанија.

Денеска, премиерот Оливер Спасовски и министерот за здравство, Венко Филипче, го посетија граничниот премин Табановце, нафреквентен граничен премин на којшто доаѓаат патници од регионот на северна Италија.

Оттука, министерот Филипче информираше дека сите припадници на Министерството за внатрешни работи и царинската служба одлично се справуваат со ситуацијата и целосно се почитува утврдениот алгоритам за контрола на патниците.

Спасовски и Филипче упатија апел до сите оние кои патуваат или ќе допатуваат во нашата земја, точно да одговараат на прашалникот, бидејќи на тој начин го штитат сопственото и колективното здравје на граѓаните.