Фото: Игор Бансколиев

Македонија денеска одбележува 30 години од првиот Устав по прогласувањето на независноста, која уставно-правно беше заокружена со неговото донесување со 93 гласа во Собранието, на 17 ноември 1991 година.

Работниот текст го пишуваа професорите Владо Поповски, Љубомир Фрчковски и Лазе Китановски. Уставот гарантира дека општествено-економскиот и политичкиот систем на државата се засноваат на принципот на владеење на правото, човековите слободи и права, поделбата на власта, пазарната економија и другите темелни вредности на современото демократско општество.

Уставот е највисок правен акт и досега има претрпе неколку амандмански измени од кои последната беше во 2019, а претходните беа направени во 1992, 1998, 2001, 2003, 2005, 2009 и во 2011 година.

Уставниот развој на земјата историски може да се подели на три периоди. Првиот од 31 декември 1946 година кога е донесен Уставот на тогашната Народна Република Македонија, како една од конститутивните републики на поранешна СФР Југославија. Вториот е со донесувањето на Уставот на Социјалистичка Република Македонија на 25 февруари 1974 година, а третиот од 17 декември 1991 година кога е усвоен последниот и се уште актуелен Устав на денешна Македонија.