На меѓународниот аеродром Скопје вечерва пристигнаа над триесетина македонски граѓани од Авганистан.

Тие беа сместени во воената база на САД во Доха, Катар и успешно беа трансферирани во Истанбул, Турција, од каде се упатија за Скопје, каде што пристигнаа во текот на вечерните часови.

Ова е втора група на македонски граѓани што се евакуирани од Авганистан, и во моментов веќе нема македонски државјани на територијата на Авганистан, соопштува МНР.