Централниот и Извршниот одбор на СДСМ вечерва нема да заседаваат, поради трагедијата што се случи во Бугарија, информираат од владејачката партија.

Седниците беа закажани по барање на Заев, кој најави дека ќе побара констатирање на неговата оставка, најавена уште на 31 октомври, по вториот круг од локалните избори, каде што изгубија голем број гласови.

Со констатирањето на оставката, почнува рокот од 15 дена за распишување внатрепартиски избори за нов претседател.