До сабота во Македонија ќе се задржи стабилно, суво и релативно топло време со температури кои ќе бидат над просекот за овој период од годината. По одделни котлини ќе има услови за појава на слаба утринска магла Минималната температура  ќе се движи од шест до 13 степени, а максималната температура од 21 до 26 степени, информираат од  Управата за хидрометеоролошки работи.

Од недела ќе се задржи стабилно време,  но температурите постепено ќе опаѓаат. Максималната температура ќе се движи од три до 12 степени, а максималната од 19 до 23 степени.

Во текот на денов времето во Македонија ќе биде променливо облачно со услови за појава на краткотраен дожд претежно во западните подрачја. Ќе дува слаб југоисточен ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од 21 до 26 степени.

Во Скопје температурата ќе се искачи до 24 степени.