Времето денеска ќе биде претежно сончево и топло, со слаб до умерен североисточен ветер. Утринската температура ќе се движи од 12 до 19 степени, а дневната температура од 28 до 36 степени. УВ-индексот ќе достигне до девет.

Во Скопје ќе биде претежно сончево и топло со слаб до умерен североисточен ветер.Температурата ќе се движи од 19 до 34 степени.

Во следните денови ќе продолжи периодот на сончево и топло време со мала до умерена локална облачност. Од вторник во попладневните часови во планинските предели ќе има и услови за изолирана нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи.