Премиерот Зоран Заев до граѓаните на Хрватска упати телеграма со сочувство за смртта на легендарниот музички уметник Оливер Драгојевиќ.

Изразувајќи сочувство до Владата во Хрватска, Хрватската амбасада во Македонија и обожавателите ширум регионот и светот, Заев во телеграмата наведува дека загубата на Оливер Драгојевиќ е заедничка, но оти неговите музички дела се вечни.

– Загубата е голема и заедничка. Низа генерации растеа и живеejа со песните на великанот на хрватската музика, кој со својата големина ги освои срцата на милиони луѓе од поранешните југословенски простори, но и на Балканот и во светот. Оливер Драгојевиќ физички веќе не е меѓу нас, но безвременската музика и емоциите коишто му ги подаде на светот, е тоа што го направи обожуваниот музичар вечен, исто како и неговото дело. Нека почива во мир познатиот хрватски, регионален и светски музичар, Оливер Драгојевиќ, напиша Заев во телеграмата упатена до амбасадорката на Република Хрватска во Република Македонија, Данијела Баришиќ.