Фото: Маја Јаневска-Илиева

Твитер профилот на Венко Филипче повторно е активен, како што објави самиот министер за здравство.

– Добро утро, мојот официјален твитер профил е повторно активен. Се читаме – напиша Филипче на Твитер.

Социјалната мрежа го блокираше профилот на министерот поради „забележана необична активност“. Профилот на Филипче беше ставен на рестрикција на 16 јули, откако при логирање, наводно бил внесен погрешен код за верификација.