Претседателот на Собранието, Талат Џафери, упати сочувство за смртта на пратеничката од првиот собраниски состав, Ратка Димитрова.

– Дозволете да изразам сочувство во мое лично име и од име на пратениците во Собранието на Република Северна Македонија за тажната вест за напуштањето на овој свет од страна на почитуваната пратеничка од првиот парламентарен состав, Ратка Димитрова. Личност со непоколеблив карактер, јасна визија и волја за преземање на чекори кои секогаш биле во согласност со нејзиното верување и убедување. Изразувам сочувство за загубата на блискиот член на Вашето ценето семејство, загубата е огромна, ненадоместлива и болна.

Меѓутоа, тоа е природен тек на нештата и животот и наша единствена опција е да ја прифатиме оваа реалност која колку и да е горка, сепак е надвор од нашата моќ. Кревки и немоќни пред тагата, останува да бидете силни, искрени и неуморни во чувањето на споменот, на заедничките убави моменти кои сте ги споделувале и секако доследни на советите кои може да ги даде само личност која во животот проживеала многу, имала плоден политички ангажман и дала несебичен придонес во развојот на општеството и држава.

Воедно, изразувам сочувство и до пријателите, блиските соработници, познаници и почитувачи на нејзиното дело, меѓутоа и до граѓаните на Република Северна Македонија, за згаснувањето на животот на поранешната пратеничка и вреден член на нашето општество. Нека почива во мир – напиша Џафери.