Неопходни се длабоки реформи во образовниот систем во државата, подобрување на законската рамка што го регулира организирањето и дејствувањето на партиите, неопходна е демократизациајта внатре, во самите политички партии.

Ова се дел од заклучоците и сугестите што претседателот на Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) академик Таки Фити денеска ги упати до Владата на Република Северна Македонија, до креаторите на политиките, до политичките партии и до другите релевнатни субјекти во државата.

– Квалитетот и ефикасноста на институциите редовно е условен од квалитетите на кадрите кои се вработени во нив и особено од квалитетот на првите луѓе на институциите. Оттука, несоодветниот квалитет на образовниот систем на сите степени на образование, евидентно влошен во последните десетина години, долгорочно продуцира слаби и нефикасни институции. Овој фактор кај нас е дополнително потенциран со постоењето енормно висока невработеност, претежно од структурна природа што води до депрецијација на човечкиот капитал, т.е. до губење на знаењата и вештините стекнати од формланиот образовен систем – таков каков што е- истакна Фити на на Редовното годишно собрание на МАНУ.

Оттука, како што рече, неопходни се длабоки реформи во образовниот систем на земјата. Фити информира дека ефикасноста на образовниот систем во земјите на Западен Балкан, според тоа и и кај нас, е загрижувачки ниска.

– Истражувањата на оваа проблематика упатуваат дека ефикасноста на образовниот систем е само 13 отсто, тоа значи дека од 100 дипломирани студенти на нашите универзитети, само 13 можат, без особени проблеми, да најдат вработување соодветно на нивните квалификации- рече академик Фити.

За тоа дека е неопходна демократизација во самите политички партии, Фити соопшти дека партиите со крајно авторитативна внатрешна структура и хиерархија не можат да промовираат демократија во општеството, ниту кога се во опозиција, а уште помалку кога ќе дојдат на власт.

– Внатрепартиската демократизација е битна претпоставка за подигање на општата политичка култура, за развој на клултурата на толеранција и дијалог за разрешување на сите проблеми во општестовото, вклучувајќи ги тука и оние најчувствителните кои навлегуваат во сферата на меѓуетничките односи и изградба на мултикултурно општество-рече Фити.

Според него, нема сомнение дека со влезот во НАТО и со отворањето на преговорите со ЕУ, нашата држава  ќе се стекне со значајни придобивки за динамизирање на економскиот раст. Тие, како што рече, ќе се испорачуваат преку зголемен прилив на странски директни инвестиции во земјата, унапредување на институционалната рамка, доброто управување и сигурноста за водење бизнис и преку промените во очекувањата на економските субјекти. Ваквите придобивки, потенцира Фити, ќе можат да се остварат само доколку во претсстојниот период успешно си ја завршиме „домашната задача“ поврзана со реформските процеси.

Фити истакна дека МАНУ во 2018 година успешно и навремено ги реализирала сите активности и настани и најави оти активно ќе учествуваат и ќе го даваат својот придонес во спроведувањето на реформските процеси и приоритети.