Тројца судии се разрешени поради нестручно и несовесно вршење на судиската функција, додека донесена е и одлука за за престанок на мандат на двајца судии поротници од Основниот кривичен суд Скопје поради навршени 60 години возраст, на денешната 378-ма седница на Судскиот совет на Македонија.

Судскиот совет донесе одлуки за престанок на судии поротници во Основниот суд Свети Николе: Стојка Пешевска, Момчило Нацевски, Сузана Дерменџиева и Владимир Тосев, поради истек на мандатот; Основен суд Радовиш: Убавка Петкова, по сопствено барање и Александра Тодорова, поради истек на мандатот и во Основен кривичен суд Скопје: Митко Сандев и Зенел Елези, поради навршени 60 години возраст, се вели во соопштението по одржаната 378 седница.

Избрани се судии поротници во Основен суд Свети Николе: Стојка Пешевска, Методи Величков, Олгица Стојкова и Кирче Костов и во Основен кривичен суд Скопје: Саше Митрев, Снежана Јовановска, Ивона Јакомовска, Мирјана Костадиновска, Даниела Каевска и Јордан Миленов.

– На седницата било расправано по извештаите на комисиите на известители по поднесените барања за поведување на постапка за утврдување на одговорност на судија/претседател на суд и тоа: по едно барање ја запре постапката за утврдување на одговорност на судија/претседател на суд; по едно барање разрешени се двајца судии поради нестручно и несовесно вршење на судиската функција и времено се одалечени од вршење на судиската функција и по едно барање разрешен е еден судија поради нестручно и несовесно вршење на судиската функција и времено е одалечен од вршење на судиската функција – се наведува во соопштението.

На денешната седница биле разгледани и усвоени извештаите на судовите за првото тромесечие за годинава, како и записниците од 371-та, 373-та и 374-та седница на Судскиот совет.