Судскиот совет избра претседатели на десетина судови со кои раководеа в.д. претседатели, на денешната седница.

Битолскиот судија-кривичар Миле Димовски е именуван за нов претседател на Основниот суд во Битола. Лидија Димова е избрана за шефица на велешкиот суд, а Миле Георгиев ќе раководи со судот во Делчево. Зоран Стевановски е избран за претседател на прилепскиот суд, а Илир Сулејмани е избран за шеф на Основниот суд Скопје 2.

Судскиот совет треба да избере и шестмина судии во апелационите судови низ земјава.