Загриженост за настанатата состојба со бегството на поранешниот премиер Никола Груевски, попладнево преку соопштение на својот веб-сајт, изрази и Судскиот совет на Република Македонија.

-Од причина што во јавноста се изнесуваа информации за евентуални пропусти во постапувањето на Основниот суд Скопје 1 Скопје, ја информираме јавноста дека од страна на Советот се преземаат сите активности, согласно закон, се наведува во соопштението.

Претходно поради основи на сомневање дека одредени службени лица, злоупотребувајќи ја својата службената положба и овластување, му овозможиле Груевски нелегално да ја напушти Македонија, Основното јавно обвинителството почна предистражна постапка.

Поранешниот македонски премиер Никола Груевски, кој требаше да се јави на издржување на двегодишна затворска казна за предметот „Тенк“, под се уште неразјаснети околности пребега во Унгарија, каде што бара политички азил.