Времето денеска ќе биде облачно, студено и ветровито со врнежи претежно од снег, информира УХМР.

Најобилни врнежи се очекуваат во источните делови. Ќе дува умерен, а вдолж Повардарието засилен северен ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од 0 до 5 степени.

Во Скопје облачно со повремен снег и со умерен до засилен северен ветер.
Максималната температура ќе достигне 3 степени.

Снежна покривка од 11 сантиметри има во Маврови Анови, 9 сантиметри Пожаране, 8 Лазарополе, 5 Тетово, 4 К.Паланка, 3 Куманово, Ѓуриште, 2 Крушево, Берово.

Најстудено е во Маврово каде утринава се измерени -6 степени, потоа -4 Лазарополе и Крушево, -2 К.Паланка, -1 Скопје Зајчев Рид, Куманово, Тетово, Штип, Берово, 0 Скопје Петровец, Битола, Прилеп, Виница, 1 Охрид, 2 Струмица, Д.Капија, Дојран, 3 Гевгелија, 4 Претор.


Намалена видливост на Ѓавато

Објавено пред 21 минута

Сообраќајот на државните патишта се одвива без забрани, по влажни коловози, информира АМСМ. Врнежи од снег има на Стража, Пресека, Маврово, Попова Шапка, Плетвар, Кула и Крива Паланка – г. п. Деве Баир.

Поради појава на магла, видливоста на планинскиот премин Ѓавато е намалена на 20 -50 метри.

За македонски државјани се затворени сите гранични премини за излез од државата. Затворени се сите гранични премини за влез во државата за странски државјани, патници и возила, освен за транзит на товарни возила, за претставници на дипломатскиот кор и тие кои што ќе добијат соодветна дозвола од страна на МВР, а по претходно добиено мислење од страна на главниот координативен штаб.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.