Времето во Македонија ќе биде студено со умерен северен ветер, а на места ќе провејува снег.

Утринската температура ќе се движи од минус пет до три, а дневната од минус еден до пет степени.

Во Скопје студено со умерен северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до нула, а дневната ќе достигне до четири степени.

Во наредните денови ќе преовладува стабилно време со ниски утрински температури, а дневните ќе бидат во постепен пораст.