Времето во Македонија ќе биде облачно и студено со врнежи од снег особено претпладне, и повеќе во западните и јужните делови од земјава. Ќе дува засилен северен ветер најизразен долж Повардарието па ќе има услови за појава на навеви од снег.

Утринската температура ќе се движи од минус еден до минус девет степени, а дневната температура од минус еден до еден степен.

Во Скопје ќе биде облачно и студено со врнежи од снег особено претпладне. Ќе дува засилен северен ветер.

Утринската температура ќе достигне до минус еден, а денвата температура до еден степен.

Потоа во наредните денови ќе биде променливо облачно и студено со многу ниски утрински температури и со слаби локални врнежи од снег, во петок повеќе на исток и понекаде во планините на западот, а во недела претежно на северот. Најсончево ќе биде во сабота. Поради ниските температури ќе има појава на голомразица.