Владата на денешната седнца донесе повеќе одлуки за именувања директори и в.д. директори во јавните претпријатија и институции.

Во рамките на ваквите активности прифатена е оставката на Агрон Буџаку од должноста директор на Центарот за управување со кризи.

Воедно, за в.д. директор на Центарот, Владата го именува Стојанче Ангелов, кој за таа цел е разрешен од должноста национален координатор за воени и полициски ветерани.