Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг и Северноатлантскиот совет ја започнаа дводневната посета на Скопје. Специјалниот авион на генералниот секретар на НАТО попладнево слета на Меѓународниот аеродром Скопје со што започна дводневната посета на земјава.

На аеродромот тие беа пречекани од висока владина делегација по што се упатија кон Собранието каде ќе се одржи свечен прием во нивна чест. Утре на платото пред Владата ќе се одржи свечен пречек со највисоки државни и воени почести.

Столтенбергво Владата ќе има и тет-а-тет средба со премиерот Зоран Заев по што ќе се одржи состанок на Северноатланскиот совет со Комитет за интеграција на Република Северна Македонија во НАТО. Генералниот секретар Столтенберг утре ќе биде примен и од претседателот Стево Пендаровски во вилата Водно, по повод состанокот на Северно-Атлантскиот Совет што се одржува во Скопје. По церемонијата на пречек, Пендаровски, ќе оствари средба со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг и со Северно-Атлантскиот Совет.