Од самиот старт се оградував од Јанева. Денеска гледаме расчистување со криминалот и треба да бидеме горди на тоа. Не е важно дали е осомничениот е шеф или колега, рече обвинителката Лиле Стефанова по одложувањето на денешното судско рочиште за предметот „Титаник” на СЈО.

Според неа, СЈО е во најтешката состојба од основањето. Затоа апелираше политичарите да седнат и да го донесат законот за јавното обвинителство.

-Јас немам намера да конкурирам за шеф на СЈО – рече обвинителката, одговарајќи на новинарско прашање.

Стефанова појасни дека нема овластување да побара каде моментално е Орце Камчев, осомничениот во „Империја”. Затоа повтори дека е важно да се донесе што побрзо новиот закон.

-Истрагата за „Империја” застана со донесувањето на начелното правно мислење на СЈО – кажа Стефанова пред новинарите.