Периодот на стабилно и суво време продолжува и во текот на оваа недела. Повремено зголемување на облачноста, како што најавуваат од УХМР, ќе има од четврток, кога по одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла, а температурата ќе биде во постепено опаѓање.

Во Македонија утринските температури ќе се движат од нула степени во Берово до осум во Охрид, Демир Капија и Гевгелија. Максималната температура ќе се движи во интервал од 17 до 23 степени.

Во Скопје утринската температура ќе изнесува седум, а максималната дневна ќе достигне до 22 степени.