Средношколци од Струмица побараа да се вратат на училиште и да продолжат со настава, преку мирен протест одржан попладнево на плоштадот „Гоце Делчев“.

Учесниците на протестот бараат да се вратат на настава, бидејќи сметаат оти вистинскиот проблем ќе се случи кога ќе ја изгубат довербата во образовниот систем.

Тие порачаа дека се подготвени да посетуваат и комбинирана настава, најавувајќи продолжување на протестите ако не се прифатат нивните барања.

– Знаеме колку е ефикасна онлајн наставата. Ова е повик до надлежните да го слушнат нашето мислење бидејќи во спротивно ќе ја убијат нашата желба за напредок и ќе ни ја закопаат иднината – кажа една средношколка од Струмица.