Министерот за информатичко општество и администрација Јетон Шаќири денес се сретна со амбасадорот на Италија во Република Северна Македонија, Андреа Силвестри.

На средбата, министерот Шаќири го информираше амбасадорот Силвестри за достигнувањата и процесите што веќе се започнати во областа на дигитализацијата и сајбер безбедноста.

За време на состанокот особено внимание беше посветено на сајбер безбедноста. Се разговараше за растечкиот тренд на сајбер нападите и мерките што треба да се преземат. Разгледани се неколку можности за соработка во конкретни проекти во областа на сајбер безбедноста за подобрување на условите, подобра заштита, проценка на ризик и мерки за спречување сајбер ризиците.

Министерот Шаќири изрази голема благодарност за подготвеноста на амбасадорот и италијанската држава да ја понудат својата помош во иницијативите.