Српската православна црква (СПЦ) интензивно подготвува стратегија за брзо продолжување на замрзнатиот дијалог со македонската православна црква (МПЦ), дознава „Вечерње новости“.

Како што пишува весникот, подготвеноста на СПЦ за дијалог, со кој би се постигнал решение официјално, засега не го коментираат од МПЦ.

Ако првата етапа од обновените преговори биде задоволителна, реални се очекувањата дека барањето за статусно решавање на афтокефалноста на МПЦ набрзо ќе биде разгледувано во СПЦ, пишува весникот.