Според австралискиот попис, Македонците родени во Грција зборуваат македонски јазик. Според анализите посветени на грчката заедница во Aвстралија објавени од страна на Австралиското министерство за внатрешни работи, а кои се повикуваат на поранешните пописи на населението, поточно на оној од 2016 година, 2.105 граѓани родени во Грција, а доселени во Австралија се изјасниле како Македонци.

Во анализата се истакнува дека од вкупно 89.207 луѓе кои биле родени во Грција 82.207 го зборувале грчкиот јазик и 2.241 го зборувале македонскиот јазик. Инаку, 397.421 луѓе се декларирале дека се од грчко потекло.

Истото министерство објави и посебна анализа за луѓето родени во Македонија, според која 98.441 се попишале дека се од македонско потекло и 32.670 го зборуваат македонскиот јазик, а 1.726 го зборуваат и албанскиот јазик.