Споменикот на Филип Втори, поставен на плоштадот „Магнолија“ во Битола е во незавидна состојба. На споменикот на неколку места мермерот е откорнат, а оштетен е и мермерот на постаментот. Воедно оштетен е и грбот на Битола кој е поставен пред споменикот на Филип Втори.

Инаку ова не е прво оштетување на споменикот. Пред неколку години исто така беше оштетен од страна на несовесни граѓани кога неколку елементи беа откорнати и расфрлани на плоштадот Магнолија.

Во 2011 година, споменикот на Филип Втори, беше поставен на плоштадот „Магнолија“ во Битола. М.М.