Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, кој утрово го посети граничниот премин „Богородица“ кај Гевгелија, оцени дека новогодишната ноќ поминала мирно без поголеми нарушувања на јавниот ред и мир и изрази очекување дека новата година ќе биде успешна година.

– Новогодишната ноќ измина мирно, без нарушување на јавниот ред и мир од поголеми размери, дури и под нашите очекувања. Лично очекувам дека ќе имаме успешна 2019 година и на сите граѓани на Република Македонија сакам да им посакам многу здравје, многу среќа, благосостојба во општеството, заедно да успееме да ги надминеме сите предизвици, заедно да учетвуваме во изградбата на иднината на нашата земја и да ги почувствуваме благодетите од она што го работевме до сега, рече Спасовски во честитката што ја упати до сите припадници на полицијата во Македонија.

На новинарско прашање дали ќе се кандидира за претседател на државата, Спасовски одговори дека во моментот размислува исклучиво на реформите во МВР, да се подобрат условите за работа и да завршат процесите кои ќе значат напредок за Република Македонија.