На средбата на министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, со неговиот австриски колега Сојузниот министер за внатрешни работи на Австрија, Карл Нехамер, била рзгледана досегашната соработка меѓу двете земји. Спасовски му се заблагодарил на Нехамер за учеството на австриските полициски службеници во заедничките операции на нашата јужна граница.

На средбата на двата министри, во фокусот на разговорите, покрај другото била и Заедничката платформа за координација за борбата против трговијата со луѓе и спречување илегална миграција по должина на Источно-медитеранската рута, чијшто иницијатор и спроведувач е Република Австрија.

Во разговорите Спасовски посочил дека за успешна борба против илегалната миграција, криумчарењето мигранти, трговијата со луѓе и за интензивна соработка во целокупното гранично работење, од посебна важност е ефективната размена на информации.

Сојузниот министер за внатрешни работи на Република Австрија се заблагодарл на напорите и активностите на полицијата на Република Северна Македонија во справувањето со илегалната миграција и ја истакнал континуираната поддршка на Република Австрија на оваа цел, односно натамошно учество на австриски полициски службеници доколку за тоа има потреба.

Инаку, во рамки на посетата, австирскиот министер заедно со заменик-министерот за внатрешни работи Назим Буши беа во посета на нашата јужна граница, граничниот премин „Богородица“, како и полициските службеници на австрискиот полициски контингент во земјава, кои учествуваат во заедничките операции со нашите полициски службеници, по должина на граничната линија со Република Грција, со што значително придонесуваат во зајакнување на капацитетите на нашата гранична полиција за заедничка борба против нелегалната миграција и криумчарењето мигранти.