Во рамките на перформансот „Свири крај!“, организиран од Регионалната антикорупциска иницијатива (РАИ), граѓаните во рок од два и пол часа симболично спасија од корупција над десет милиони денари.

Во транспарентна кутија на плоштадот во Скопје, лице со маска симболично  уништуваше лажни банкноти, што ја симболизираше корупцијата преку која државата и граѓаните секојдневно губат големи суми пари. Со притискање на копчето на кое пишува „Свири крај!“, граѓаните можеа да го запрат процесот на уништување на нивните пари.

На настанот, кој е дел од едукативната и информативна кампања на РАИ, се обрати заменик-шефот на Делегацијата на Европската Унија во Македонија, Џулијан Васало. Тој истакна дека настанот ги прикажува штетините ефекти на корупцијата во сите нејзини форми во општеството, но, исто така истовремено покажува дека секој од нас има улога во спречувањето на оваа појава. Правото да се пријави корупција е алатка за зајакнување на транспарентноста и интегритетот, но и начин да се заштити општото добро, беше изјјавено на настанот.