Фото: Маја Јаневска-Илиева

Предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за новиот закон за Јавно обвинителство, со кој е опфатена и работата на СЈО, се очекува денеска во Министерството за правда.

– Со нетрпение го чекаме текстот од ВМРО-ДПМНЕ. Ќе се произнесеме, кога ќе го добиеме. Доколку има подобрувања, секако ќе бидат прифатени. Ако, пак, има скриена амнестија, нема да биде прифатена – соопштуваат од Министерството за правда.

Министерката Рената Дескоска претходно истакна дека за неа би биле прифатливи сите конструктивни предлози, но не и прикриена амнестија за одредени случаи.