Граночаланикот на Крушево, Томе Христоски, на својот фејсбук-профил објави видео од синоќешниот импровизиран напад на Крушево.

Импровизацијата на нападот традиционално е дел од настаните со кои се одбележува годишнината од Илинденското востание.

– Импровизиран напад над Крушево, Крушево е ослободено и слободно живее. Нека е честит и вековит празникот Илинден! – напиша крушевскиот градоначалник во описот на видеото.

Инпровизиран напад над Крушево, Крушево е ослободено и слободно живее.Нека е честит и вековит празникот Илинден!

Posted by Томе Христоски on Сабота, 01 август 2020