Состојбата на претседателот на Собранието, Талат Џафери, е стабилна, соопштуваат од неговиот кабинет, додавајќи дека со оглед на интензивните активности што ги имал во текот на изборната кампања, по препорака на лекарите неопходен му е одмор и мирување.

Од Кабинетот напоменуваат дека тој направил неколку тестови на ковид-19 и сите биле негативни.

Џафери е хоспитализиран на Инфективната клиника во Скопје. Според Уставот, тој треба да ја закаже конститутивната седница најдоцна до 4 август.